Многу е значајно кога политичарите пред јавноста ќе дадат збор, тогаш тоа е нивен завет, вели премиерот Зоран Заев откако вчера ДУИ најави дека стануваа зелена партија.

– Драго ми е што најголемата албанска партија ја заокружува етничката агенда и зборуваме за граѓаните. Доста беше Албанци, Македонци, Срби, Турци, Власи… Ние имаме граѓани во државата и сакам да го поздравам нивниот исчекор – посочи премиерот одговарајќи на новинарско прашање на увидот на градежните работи на патот Кавадарци-Дреново.

Вчера, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, соопшти дека Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на конфликтите во во 2001 година, e исполнет, најавувајќи дека неговата партија во иднина ќе се сврти кон екологијата и зелената агенда.