Опозицијата се обединува, а СДСМ се раситнува и ја очекува тежок дебакл, наведува ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот договор за соработка со Алијансата за Албанците и Алтернатива.

– Потребата од соработка е дотолку посилна поради лошиот правец во кој оди државата со СДСМ – ДУИ. Поразителните податоци на индексот на корупција во извештајот на Транспаренси Интернешенал, според кој Македонија е рангирана на историско најлошото 111 место, лошите оценки и константи негативни рангирања на Економист, Херитиџ и други реномирани светски организации и медиуми се аларм дека се потребни промени – наведе ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека на СДСМ им пропаѓа коалицијата. Наведува дека се’ повеќе партии одат посебно, а сe’ повеќе луѓе од СДСМ истапуваат независно.

– Во СДСМ има бунт против политиките на Заев. СДСМ ја очекува тежок дебакл. Сите прогресивни сили кои сакаат Заев и оваа лоша реалност да се смени треба да се обединат. Имаме јасна цел за јакнење на фискалниот капацитет на општините и градот Скопје, а потоа и зголемување на процентот на персоналниот данок на доход, како и на процентот кој од данокот на додадена вредност се префрла кон општините. Ќе спроведеме рамномерен регионален развој и ќе ја промениме во целост негативната реалност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.