Фото: Игор Бансколиев

Не може да се каже каков ќе биде одзивот на гласачите на претстојните предвремени парламентарни избори во услови на пандемија, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнс.
Според неа, преземените заштитни мерки од страна на властите, како и донираната американска помош за обезбедување заштитни средства ќе ги охрабрат граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право на денот на изборите.

– Ќе треба да видиме каков ќе биде одзивот на гласачите. Како и сите други, охрабрени сме од мерките за заштита што се преземени, да се охрабрат гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина – истакна Брнс.
Таа вчера присуствуваше на доделувањето донација за Државната изборна комисија, која се состои од средства за дезинфекција и заштитни маски.