Координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петковска се позитивни на ковид-19. Тој во изјава вели дека се чувствува добро и нема ништо неизвесно во однос на неговото и гласањето на Петкова за недоверба на владата.
– Имајќи го предвид протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применто во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно во однос на нашето присуство и гласање. Ако се сеќавате, имаше и кривични пријави кои беа отфрлени и беше констатирано дека се е во ред – изјави Мицевски за тв 24.
Мицевски се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19, гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека била запазени протоколите.