Фото: Фејсбук-профил на Јана Манева Чупоска

Почина Коле Манев, познат македонски сликар и филмски работник од областа на документаристиката.

Манев е роден на 11 ноември 1941 година во Бапчор, Егејска Македонија. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. Во 1960 година завршил прв степен на Ликовната академија во Белград, а потоа заминал на студиски престој во Париз. Оттаму заминал за Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм.

Манев своите дела до денес ги изложил на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство.

Тој има снимено и два играни филмови, по негово сценарио и режија „Мост“ (2006) и „Еко Скоп“ (2022).
Манев беше соработник и колумнист на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ изразува длабоко сочувство на неговото семејство и најблиските.