Почит и незаборав за Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костески, четворицата припадници на Баталјонот за специјални сили при Армијата, кои на денешен ден – 28 април 2001 година трагично загинаа во Вејце, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.
– Со поклонување пред спомен обележјето во нивна чест во касарната „Илинден“ во Скопје, спомнуваме за жртвата на припадниците на Армијата и на припадниците од составот на МВР, што нѐ обврзува да си ја сакаме и чуваме татковината. Да се грижиме за нивните семејства и колеги, за сите припадници на безбедносните сили, како што тие се грижат за нас. Споменот нѐ учи заедно и единствени да ја градиме иднината, во мир и соживот. Слава им и вечен спомен! – објави на Фејбук министерката за одбрана Петровска.
Одбележана 21 година од маскарот кај Вејце
Во Битола денеска се одбележа 21 година од масакрот кај Вејце, во кој загинаа осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица беа битолчани.
Пред споменикот пред Градскиот часовник „Ангел“ положија цвеќе членови на
загинатите бранители, припадници на полицијата, претставници на локалната
самоуправа, политичките партии и граѓани…
– Да се потсетиме но и да укажеме тоа зло да не се повтори. Сведоци сме на едни
тешки времиња и историјата повторно не потсетува на овие млади луѓе. Слава и почит на нивната маченичка смрт – рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола
Масакрот кај Вејце се случи на 28 април 2001 година, кога во заседа загинаа Роберт
Петковски и Игор Костевски од Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски
од Македонска Каменица и четворицата битолчани, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски. М.М.