Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопшти денеска кабинетот на претседателот Пендаровски.
Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон.
Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја.