Фото: Ка.М.

Денес се навршуваат 157 години од раѓањето на македонскиот професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров.

По тој повод делегација од oпштина Прилеп и Советот на општина Прилеп, како и делегации на СОУ „Ѓорче Петров“, Сојузот на борци од Прилеп и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер во центарот на градот и пред неговата родна куќа во населбата Варош.

Фото: Ка.М.

Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ.“

Ка.М.