Променливо облачно, на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, прогнозира за утре Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето ќе се дестабилизира денеска попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме, со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
-Пообилни врнежи во овие два дена ќе има во западните и централните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на квадратен метар. Дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени – најави УХМР.
Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд.