Фото: Твитер/Мирослав Лајчак

Советот за безбедност на Косово одржа состанок по нападот што се случи рано изутрината на северот на Косово во кој еден полицаец беше убиен, а друг е повреден.

Премиерот на Косово, Албин Курти, како што јавија косовските медиуми, во 12 часот ќе одржи прес-конференција со заменик – генералниот директор на косовската полиција Фехми Хоти.

Медиумите јавуваат дека во Косово дошол специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Претходно шефот на ЕУЛЕКС, Џовани Пјетро Барбано пристигнал во полициската станица во Северна Митровица.

Според медиумите, повторно се слушаат истрели на северот на Косово и има размена на оган меѓу „српските криминални групи“ и косовската полиција.

Блокирани се сите приоди кон селото Бањска од правец на Лепосавица, Зубин Поток и Звечан. Како што дознава Косово онлајн, премините Јариње и Брњак се блокирани.