Министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека од први септември ќе има бесплатни учебници и истите навреме ќе бидат доставени до учениците.
На прашањето дали учениците навреме ќе добијат учебници Шаќири рече: Од први септември ќе имаме бесплатни учебници се работи на законското решение со кое сите технички проблеми и сите законски ограничувања ќе бидат решени“.
На новинарско прашање дали тоа значи дека учебниците ќе бидат бесплатни, министерот за образование одговори, дека од први септември има одобрено учебници.
– Од први септември имаме одоберно учебници, немаме забелешки во тоа дека немаме учебници за печатење , ќе почнеме постапка и за дигитална форма на учебници. Од први септември оваа година сите учебници ќе бидат доставени до сите ученици и тоа ќе треба да се случува и со новата концепција – истакна Шаќири.