Фото: МНР

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, Метју Лосон, при што му посака му успешна мисија и го истакна задоволството од одличните македонско- британски односи, кои се карактеризираат со интензивна размена на посети и средби на високо ниво, што претставува потврда на силната определба и интерес за натамошно зацврстување на традиционалното пријателство меѓу двете земји.

– Соговорниците ја поздравија динамиката во рамки на трговските односи меѓу двете земји, со очекување дека истите ќе продолжат да се унапредуваат интензивно и во наредниот период, пред сé имајќи го предвид напредокот во трговската соработка постигнат со потпишувањето на Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година и одржувањето на првиот инаугуративен Совет во Скопје во октомври 2021 година, како највисоко тело за негова имплементација во иднин – информира Министерството за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението во контекст на динамиката на европската перспектива на регионот, Османи се заблагодари за поддршката и експертизата која Македонија во континуитет ја добива од Обединетото Кралство во рамки на реформските процеси.

– Министерот за надворешни работи Османи го информираше амбасадорот Лосон за последниот статус на евроинтегративниот процес на нашата земја, одржувањето на Првата политичка меѓувладина конференција и стартот на скрининг процесот, ветувајќи посветена работа во процесите кои следуваат поврзани со процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ – се додава во соопштението.