Фото: З.А.

Како дел од подготовките за одбележување на големиот јубилеј 150 години од изградбата на православниот храм„ Пресвета Богородица“ во Македонски Брод, на иницијатива на поголем број граѓани,верници и свештеници од храмот, деновиве беше извршена промена на покривот и по четиридневна работа храмот доби целосно нов покрив и неспоредливо поубав изглед.

Од свештенството најавуваат и други зафати кои целосно ќе завршат пред големиот празник„Голема Богородица“, кога храмот го слави големиот јубилеј.

-Покрај промената на покривната конструкција што ја извршија верници од градот потпомогнати од донатори кои ги обезбедија керамидите, имаме уште неколку проекти кои што треба да ги реализираме до 28 август,„Голема Богородица“.Деновиве набавено е ново црковно ѕвоно за камбанаријата,во наредните недела-две ќе се изработи и нова црковна капија и натстрешница каде ќе можат да се засолнат околу 400 верници,жители на градот.Сите овие зафати не би било можно да се реализираат ако не се ангажманите на граѓаните,верници и спонзорите кои имаат големи заслуги за подобрување на изгледот и погодностите на нашиот црковен храм – истакна отец Саше Костадиноски, свештеник од Македонски Брод.

З.А.