Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе бидат пообилни во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Повремено пороен дожд и грмежи ќе има преку ноќта кон понеделник и во понеделник. Повеќе врнежи во следниве два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура во однос на денешната ќе биде пониска претежно за 6 до 8 степени.