Фото: принтскрин/јутуб

Министрите за надворешни работи на Индија, Бразил и Јужноафриканската Република денеска по состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН изјавија дека е неопходна реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Официјалните претставници ја поддржаа „легитимната желба на африканските земји да имаат постојано присуство во Советот за безбедност на ОН и ја поддржаа желбата на Бразил и Индија да добијат постојани места во Советот за безбедност“.

– Министрите истакнаа дека, иако сеопфатната реформа на системот на Обединетите нации останува најважното меѓународно прашање, реформата на Советот за безбедност треба да остане итен и главен приоритет – се вели во заедничкото соопштение на тројцата претставници.