Фото: Министерство за правда

Министерот за правда Кренар Лога започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг. Тој во интервју за „Програма 200“ на телевизија „Алсат-М“ откри дека на средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не ѝ треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство. Доколку нема поддршка од ЕУ и од САД, министерот Лога рече дека не може да има процес на ветинг.

– Со други зборови, на Македонија најмалку и треба поголемо разочарување од тоа што се случи. Ние сме во фаза на контакти и размена на мислења, тоа што го споменав претходно, ќе се бира модалитетот како ќе влеземе во овој процес. Ако немаме директна вклученост на ЕУ, со постојани советници во смисла на инструментот што треба да ни помогне и вклучувањето на САД за да го зголемиме кредибилитетот во овој процес, тогаш верувам дека нема потреба од ветинг. Или ќе влеземе во вистински процес кој ќе го оправда кредибилитетот кон мене и кон министерството и кредибилитетот на јавноста или воопшто не вреди да се започне – изјави министерот.

Тој додаде дека евроамбасадорот изразил подготвеност директно да се вклучи во овој процес, а потсети дека и американската амбасадорка Анџела Агелер покажала посебен интерес за истиот.