Фото: МОН

Од Министерство за обрзование и наука (МОН) велат дека во тек е испорака на учебници согласно последниот, од вкупно четири потпишани договори, за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи во следните денови.

-Над 90 отсто од учебниците се испорачани, односно околу 235 илјади учебници се веќе предадени на учениците од овие одделенија – велат од МОН.

Учениците го поминаа материјалот од книгата која им беше дадена да ја користат и дел од нив периодов учат од ливчиња кои наставниците ги копираат, или, пак, го препишуваат она што треба да го совладаат.

-Синот ми е второ одделение и учи во училиште во Кисела вода. Наставничката им дава наставен материјал, копиран, за да учат, или препишуваат од табла. Учебници уште не добиле, а денес прашав и ми кажаа дека и училиштето ги очекува – вели Сашо Ѓ.

Родители и на ученици во училиште во скопски Центар исто така не информираше дека не добиле учебници.

-Уште чекаме, иако поминаа три недели од најавата дека ќе има – велат тие.

Инаку, Министерството за образовани и наука информира дека согласно Законот за учебници во основното и средното образование, сите учебници можe да се користат најмногу пет години, со исклучок на оние за прво, второ и трето одделение, како и одредени учебници од повисоките одделенија во кои има содржини што ученикот ги пополнува со пишување, боење, сечење и лепење кои се користат еднократно. Н.Б.З.