Фото: МИА

Министерството за надворешни работи информира дека во раните утрински часови, преку дежурниот телефон на МНР, добиена е информација за седум државјани на Македонија, од кои едното од нив дете, кои се сместени во хотел, во непосредна близина на манастирот во селото Бањска, каде е извршен вооружен напад врз косовските полициски сили.

Како што соопшти МНР, Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со преставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани.

Во текот на денот, во неколку наврати министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари директна комуникација со неговата косовска колешка Доника Гервала-Шварц, и  во моментов косовските полициски го обезбедуваат хотелот каде се сместени нашите државјани, од каде се очекува после оствареното интервју тие да бидат испратени кон дома – стои во соопштението на МНР.

Претставниците на Амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани, сѐ до целосно завршување на нивниот трансфер, додаваат од МНР.