Фото: Фејсбук

Состојбата во енергетиката е алармантна, за тоа главен виновник е власта која работеше недомаќински и неодговорно, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Кавадарци.

При денешната посета во Кавдарци, Мицкоски одговараше и на прашање поврзано со енергетската криза, дали се можни рестрикции затоа што се најавуваа и потенцираше дека од оваа власт се може да се очекува, затоа што, како што нагласи, „тие целосно го заборавија стопанството и граѓаните“.

-Едно знам дека многу пари ќе ни требаат. Најпрвин ако се сеќавате најавуваа од Владата дека ќе им требаат 150 милиони евра за да ја поминеме годината и да ја совладаме енергетската криза. После оној состанок кај Пендаровски кој што навистина не знам за што беше одржан, излегоа со бројка од 300 милиони. Еве јас ви велам 500 милиони можеби ќе бидат малку, зошто? Затоа што тие го забораваат стопанството, тие гледаат само тоа што нив ги интересира, а забораваат на стопанството, забораваат на локаните единици на управување кој што имаат екстремно големи трошкови. Еве до мене е и градоначалникот на Прилеп, директно можеме да посведочиме за огромни потешкотии во работењето на комуналните претпријатија во водоводите и така натаму, поради високите сметки на струја. Тие само сметката за струја е за 30 проценти од вкупниот приход за месец јули и месец август, за месец септември. Значи само сметката за струја, не зборувам за трошоците кои што се поврзани со оперативното работење на комуналните претпријатија и на водоводот. Замислете ако вие имате сметка за струја која што 20, 30,40 проценти го надминува приходот на вашето претпријатие, а Владата ве остава на милост и немилост, вие што треба да направите? – рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека „власта не мислеше ниту на стопанството, ниту на граѓаните односно работеа неодговорно и недомаќински и само договараат и крадеа тендери во четири очи”.
-Еве слушаме дека следно ќе биде зголемување на комуналните услуги и водата, повторно ќе удирме по џебот на граѓаните и по стандардот на граѓаните. Затоа велам тие ги гледаат само директните последици. Јас велам половина милијарда можеби ќе биде малку, можеби ќе биде малку и сето тоа е резултат на неодговорното работење и недомаќинско работење, не произведуваа, кога требаше да произведуваат и да се организираат тие крадеа, договараа тендери во четири очи, кој ќе го врши превозот на увезениот јаглен, кој ќе го прави ископот во четири очи, кој ќе го вози мазутот до ТЕЦ Неготино и до Битола и Кичево. Тоа е суштината, тие тука гледаа колкава да биде провизијата, не гледаа како да ја поминеме зимата, иако предупредувавме една година претходно. Можам, да сумирам дека состојбата е алармантна и доколку нема обид од страна на Владата да се корегира, се е можно – додаде Мицкоски.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу најавите дека власта ќе ја отфрли иницијативата за референдум додаде и дека доколку се случи иницијативата за референдум да биде отфрлена, власта жртвува дополнително влошување на односите со опозицијата, а единствен одговорен за тоа ќе биде Владата.
-Ако тоа навистина така се потврди, тогаш жртвуваат дополнително влошување на односите помеѓу Владата и опозицијата и предупредувам дека единствен одговорен за тоа ќе биде Владата во овие тешки времиња бидејќи не покажива демократски капацитет – потенцираше Мицкоски вечерва во Кавадарци.
Тој сепак остави простор дека најавите за отфрлање на иницијативата за референдум ќе испаднат дека се само шпекулации и Парламентот ќе дозволи да се соберат потписите за народот да одлучи на референдум.
-Стравот е едно, а соочувањето со народот е друго. Ние треба порано или подоцна да се соочиме со народот како политичари. Ова беше одлична можност заедно со референдумот да се организираат и предвремени парламентарни избори, но сепак еве оставам да ова биде шпекулација, да не е вистина и да Парламентот, односно спикерот најпрвин дозволи да се соберат тие 150 илјади потписи, а потоа да се оди на референдум па народот нека одлучи – истакна Мицкоски.