Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.
– Денес, во тишина, со солзи и со почит, се поклонуваме пред жртвите и нивните семејства. Вечна им слава. Нека почиваат во мир – напиша премиерот Мицкоски во Книгата на жалост.
Посетата на Кочани, информира владината прес-служба, беше чин на длабока почит и солидарност со семејствата кои поминуваат низ најтешките моменти.
-Во овие тешки моменти, Кочани, Македонија и целиот наш народ тагуваат за младите животи што згаснаа прерано, за соништата што останаа неостварени. Владата останува посветена на целосно расчистување на трагедијата и поддршка на погодените, стои во информацијата.