Фото: Фејсбук/ВМРО-ДПМНЕ

До 12 часот собрани се повеќе од 15 000 потписи за поддршка на кандидатурата за претседател на државата на професорката Гордана Силјановска Давкова, информираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По потпишувањето за кандидатурата на Силјановска Давкова во Подрачната канцеларија на ДИК во општина Карпош, Мицкоски истакна дека ако се направи пресек за 14 часот бројката е над 20.000.

-Ова се силни индикатори, очекувам огромна победа на 24 април, а потоа на 8 мај, изјави Мицкоски, посочувајќи дека е уверен во победа  во првиот круг со 100 000 гласови повеќе од противкандидатот Стево Пендаровски.

Собирањето граѓански потписи за кандидатурата на Силјаноска Давкова за претседател на државата почна утрово во 8 часот. Нејзината кандидатура е поддржана и со потписи од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата