Метеж на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција има и овој продолжен викенд. За разлика од сите гранични премини, тука се чека помеѓу 30 минути и еден час, за да се помине границата. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации.
Се чека во неколку редици, а поради долгата колона, граѓаните чекаат и надвор од автомобилите. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.
Според АМСМ, ова е еден од двата гранични премини каде е забележан метеж од утринава. На Пелинце, Дојран, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Србија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.