Фото: МИА

еМинистерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва денеска потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји.

Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување  на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

– Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (Г2Г) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците – појаснуваат во соопштението од МО.