Фото: Влада

На овој ден кога го празнуваме македонскиот јазик, оддавам должна почит на сите создаватели на македонскиот литературен јазик, наведува премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.

– Со гордост можам да кажам дека ја исполнуваме мисијата и визијата на нашите предци. Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, тој е вграден во европското законодавство. Ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за македонскиот јазик бидејќи „се додека го чуваме и негуваме јазикот наш македонски“, како што вели нашиот великан Блаже Конески, „ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“. Честит нека нѝ е Денот на македонскиот јазик 5 Мај! – пишува Ковачевски во пораката објавена на ФБ профил.