Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги награди струмичките пожарникари со по 10 илјади денари за, како што објави, неизмерната почит и благодарност кон нив.
-Заедно со членовите на Советот ја надополнивме одлуката за бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните приватни возила за сите вработени во ТППЕ Струмица, а со започнувањето на новиот електричен градски превоз нашите пожарникари ќе можат да го користат бесплатно – објави на својот фејсбук профил струмичкиот градоначалник.
Додаде дека претходно во повеќе наврати пожарникарите добиле финансиска награда по една просечна плата и според Костадинов така треба одговорните градоначалници да се грижат за службите и граѓаните.
Инаку и градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов ги награди струмичките пожарникари со 10 илјади денари за нивното учество го гаснењето на големиот пожар на планината Огражден во јули годинава.