Фото: Клуб за подводни дејности Охрид

Членови на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид во рамки на годишните активности, а во координација со општина Охрид, денеска изведе акција за чистење на Охридското Езеро од цврст отпад.

Чистењето се одвиваше во езерото во делот кај селото Трпејца и на околните плажи.

Во акцијата учествуваа 15 нуркачи.

Од езерските води извадена е поголема количина најразличен цврст отпад, кој заедно со отпадот собран околу езерото, беше соодветно депониран.

Во продолжение ќе погледнете подводни слики и слики од целата акција.