Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот.
Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.
Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут.
-Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните. Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут, а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција – рече Андонов.
Појаснувајќи ја набавката на гас од Србија потсети дека пред десет дена претседателот Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на гас во Македонија во замена за електрична енергија. Дел од струјата ќе биде вратена назад во Србија, рече Андонов и најави дека точните количини и цени ќе бидат објавени откако ќе биде постигнат договор.
– Државата, како што појасни, ќе купи гас од Србија, а потоа ќе се произведе електрична енергија и ќе се продаде на Србија. Ние ќе ја платиме количината на гас, а тие количината на струја. Количината струја што ќе остане ќе биде продадена на индустријата по цени кои ќе бидат прифатливи за нив и кои ќе бидат излезни во зависност од цената на гасот. Топлината ќе се продаде на граѓаните – информираше Андонов.
Тој потсети дека министерот за економија Крешник Бектеши во Турција изминатиот период разговараше за обезбедување дополнителни количини електрична енергија и природен гас, во Грција за постојано снабдување со лигнит и мазут, а во Бугарија за поевтина цена на струјата под берзанската, за потребните количини за индустријата.
-Кога сите овие разговори ќе се финализираат Владата на најтранспарентен начин ќе ги презентира и пред стопанските комори и пред јавноста – рече Андонов.
Планот за справување со енеретската криза што го претстави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не го виделе, но како што рече, ќе го разгледаат и тој како и сите други планови и поддршки што ќе бидат понудени.
Доколку не се постигне договор со „Адора“ за топланите, има решение согласно Законот за управување со кризи, а со кој Владата има право да ги стави на располагање сите ресурси на државата, и на јавните претпријатија и на приватните компании, за обезбедување на јавната услуга, информира денеска советникот за енергетика во Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски, Виктор Андонов.
На новинарско прашање до каде се преговорите со „Адора“ за топланите „Исток“ и „Запад“, со оглед на инсистирањето на оваа компанија за нивна продажба, Андонов рече дека Владата прави се за да се обезбеди топлина за граѓаните и оти нема да потпадне под притисоци и уцени за, како што рече, некои да ја искористат ситуацијата во која се наоѓаме.
– За да се случи продажба треба некаква процедура. Таа процедура не може да се направи во пет дена. И досега електраните функционираа на закуп, така што интенцијата на Владата е истото да се заврши до крајот на грејната сезона, ЕСМ да го добие закупот од „Адора“ за електраните, како што било и досега. Има решение и доколку не се договориме во рамки на Законот за управување со кризи. Согласно со Законот за управување со кризи, Владата има право да ги стави во располагање сите ресурси на државата, вклучувајќи ги и јавните претпријатија, вклучувајќи ги и приватните компании, со цел обезбедување на јавната услуга, рече Андонов.
Тој тврди дека во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври и посочува дека има оптимизам од двете страни во разговорите со Србија за набавка на гас оттаму и оти ќе се обезбедат потребните количества на гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите.
Вториот аспект, како што посочи Андонов, е електраните да работат и на мазут, а потребните количества на овој енергенс ќе се обезбедат од Грција.
– Државата ќе купи гас од Србија, а потоа ќе се произведе електрична енергија и ќе се продаде на Србија. Ние ќе го платиме количеството на гас, а тие количината на струја. Количината струја што ќе остане ќе биде продадена на индустријата, по цени кои ќе бидат прифатливи за нив и кои ќе бидат излезни во зависност од цената на гасот. Топлината ќе се продаде на граѓаните, информираше Андонов.