Актуелниот прв човек на БЕСА и моментален градоначалник на Тетово, Биљал Касами повторно е избран за претседател на оваа партија.

– За мене е голема чест истовремено и одговорност да бидам на чело на една партија која докажа дека е доследна на принципите за кои се залага дека е заштитник на сите на кои им се прави неправда“ – рече Касами
На вториот Конгрес што се одржа во Скопје за заменик-претседател е избран досегашниот секретар, Аријанид Хоџа.

Другите раководни тела на партијата и централниот одбор ќе бидат назначени дополнително, информираа од партијата.