Фото: ЦУК / Илустрација

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека во гаснењето на пожарот во неготинско од утре рано наутро покрај воздушна поддршка ќе биде вклучена и механизација.

– За утре рано наутро покрај луѓе се обезбедени два авиона, три хеликоптери, шест цистерни, пет големи булдожери, три багери и една утоварна, со цел поголема ефикасност во гаснењето на пожарот во неготинско – стои во објавата на Фејсбук.

Како што пишува во обајавата, ова било одлучено на координацијата со секретарот на Општина Неготино, Марија Нацева, Стојанче Ангелов од ЦУК, како и командирите на ТППЕ Кавадарци и Неготино и ЈП Комуналец од Кавадарци и Неготино.

Претходно во текот на денот, Јанчев објави дека заедно со градоначалникот на општина Неготино и Противпожарната единица Кавадарци, се на терен на Серта и Војшанци, со цел да се изнајде решение и заеднички со сите ресурси и механизација, да се успее во гаснењето на пожарот, што деновиве се шири во овој дел.