Стари монети со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари се пронајдени во багаж на македонски државјанин кој преку Меѓународниот аеродром – Скопје требал да патува во САД.

Како што соопшти Царинската управа, монетите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

-На 22.07.2023 година, околу 17 часот, на Меѓународниот аеродром во Скопје, на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари – наведува управата.