Мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа спречија обид за криумчарење на 139 килограми марихуана.

Дрогата била затекната при контрола на товарно возило на Граничниот премин Дојран.

Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон.