На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години.
Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдуваат утрово од Итната медицинска помош во Скопје.
Екипа на СВР Скопје извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.