Илустрација / Фото: Пиксабеј

Седумнаестгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Струмица помеѓу мотоцикл „јамаха“ и патничко возило „бмв“.

– Синоќа во 23:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, струмичко – информираат од СВР Струмица.

Од здобиените повреди, како што е наведено во соопштението, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Додека, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.