Фото: ЦУК / Илустрација

Во пожар изгоре штала од коњички клуб во Неготино, коњите се спасени. Оваа информација попладнево ја потврди за МИА, командирот на неготинската територијална противпожарна единица, Столе Атанасов.

– На пожарот интервениравме со три противпожарни возила и осум пожарникари. Огнот е изгасен, но сепак наша екипа е се уште на лице место и го проверува теренот. Засега не се знаат причините за пожарот и материјалната штета, дополнително ќе се утврдуваат – појасни Атанасов.