Во настојувањето да се спречи трговијата со дрога, битолската полиција вчера на улица „Кочо Рацин” во Битола, лишија од слобода тројца дилери на дрога. Меѓу уапсените се Е.А.(18), К.У.(20) и еден малолетник, сите од Битола.

Кај сите тројца биле пронајдени и одземени четири ќеси со марихуана, две дигитални ваги и други предмети.

Тројцата дилери на дрога биле задржани во полициска станица во СВР Битола и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. М.М.