Илустрација/Фото: Игор Бансколиев

По направената координација меѓу Центарот за управување со кризи (ЦУК) со Министерство за внатрешни работи (МВР), Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвен крст, денеска лицето што вчера скокна во водите на Вардар се бара низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на стрјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР.

-Потрагата се врши со чамец, заради тоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува поинаку и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито. Затоа тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата. Ако лицето и денеска не се пронајде планирано е утре да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од с. Таор кон Велес – информираат од ЦУК.

Вчера, тимот нуркачи на МВР од САЕ Тигар, поради временските услови ја прекина потрагата.