Триесет и деветгодишна скопјанка нападнала 80-годишна пензионерка и ѝ украла пари. Таа е фатена од страна на полицијата и приведена.
– На 6 март во 13.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир ја лишиле од слобода Ф.Е.(39) од Скопје. Таа се сомничи дека околу 11.30 часот физички ја нападнала В.Д.(80) од Скопје во нејзиниот дом на подрачјето на Чаир и ѝ одзела пари – информираа од МВР.
Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственичката, а Ф.Е. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.