фото: Пиксабеј

СВР Велес вечерва излезе со официјална информација по видеото за тепачка на двајца директори на училишта во Кавадарци, објавено на социјалните мрежи.

– Денеска околу 1.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги привеле С.П.(54) и Ѓ.Ѓ.(39), двајцата од Кавадарци затоа што пред угостителски објект во Кавадарци го нарушиле јавниор ред и мир и агресивно се однесувале кон лица од обезбедувањето. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – појасни за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Градоначалникот Митко Јанчев рече дека по информациите добиени од МВР, во понеделник ќе преземе чекори и најави разрешување на директорите на основни училишта.

Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бурни реакции во јавноста.