СВР Струмица поднел кривична пријава против М.Х. (18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и против В.Т. (22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „убиство“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
МВР денеска соопшти дека на 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и С.Д.(21), сите од Радовиш, додека првопријавениот со остар предмет му нанел повреди на Ѓ.Ѓ., од кои починал.