Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во СВР Скопје вчера во 10:00 часот било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово бил пронајден починат В.Ѓ. (45) од Велес, кој издржувал казна затвор во установата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.