Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода вчера ги лишиле од слобода В.З.(23) и В.Т.(36), двајцата од Скопје, соопшти денеска МВР.
Тие се сомничат дека на 01.04.2024 во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.
– Со судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двете лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело. СВР Скопје – ЕВР Кисела Вода до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка на едното лице му определи мерка притвор – се вели во соопштението од МВР.