Синоќа во 23 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.К. (54) од Скопје, соопштија денеска од МВР.
При извршен претрес со судска наредба во нејзиниот дом, на подрачјето на Карпош, се појаснува во соопштението, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.