Фото: Пиксабеј

Седум лица загинаа, а најмалку 736 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Тајван, соопштија локалните власти.

Сите смртни случаи се во округот Хуалиен.

Земјотресот со јачина од 7,2 степени предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции.

Речиси 80 луѓе се затрупани во урнатините, а има и лица заробени во згради и тунели низ градот, соопштија властите, пренесува Би-би-си.

Најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години беше почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, предизвикувајќи масовни лизгања на земјиштето.