Основно јавно обвинителство Тетово поведе постапка и предложи мерка притвор за жител на селото Гајре, осомничен за семејно насилство врз неговата мајка и сопруга.
Според информациите од Јавно обвинителство на Република Македонија, инцидентот се случил на 21 јуни, кога осомничениот најпрво побарал 100 евра од двете жени. Откако тие одбиле да му дадат пари, тој започнал да ја крши покуќнината во домот.
Со намера да ги заплаши и вознемири, мажот зел нож и им се заканувал дека ќе ги убие. Во нападот, сопругата била физички малтретирана – ја удирал со тупаници по телото и ја влечел за косата, при што ѝ нанел телесни повреди.
Поради сериозноста на делото и исполнетите законски услови, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.
Осомничениот се товари за кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и „Телесна повреда“ согласно одредбите од Кривичниот законик.


































