Во акциска контрола на СВР Битола за бесправна сеча на дрва приведени се четири лица, на кои им се одземени бесправно исечените огревни дрва. Според информацијата на битолската полиција, вчера била спроведена акциска контрола за спречување и откривање на лица кои вршат бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. При контролата пронајдени се 17 кубни метри огревно дрво и приведени биле четири лица.
Во Крушево, пак, полициски службеници затекнале патничко возило – комби „застава“ без регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Крушево. При контролата во возилото биле пронајдени околу четири метри кубни огревно дрво без документација.
Возилото и дрвата биле одземени и предадени на шумска полиција Крушево.
Во атарот на село Крапа во општина Македонски Брод, на местото викано „Барбарас“, приведени биле В.Ц.(32) од Скопје, Г. Т.(20) од село Ропотово и М.Р.(23) од
Прилеп. Тие биле затекнати при вршење на кражба на дрва. Од нив биле одземени моторна пила и околу четири метри кубни исечено огревно дрво без документација.
Полициски службеници од ОВР Прилеп во атарот на село Црнилиште пронашле и одзеле една приколка натоварена со пет метри кубни бесправно исечено огревно дрво, додека во село Гостиражни при вршење на бесправна сеча бил затекнат Л.У.(22) од кого биле одземени четири метри кубни огревно дрво, една приколка и една моторна пила. Тој бил приведен, а дрвната маса била предадена на ЈП „Национални шуми“. По целосно документирање на случаите, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.
М.М.