Полицијата презема мерки против едно лице, кое според информации на надлежните, прикажувало порнографски слики на малолетно девојче.
Имено вчера во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 28.12.2021 околу 16.40 часот на подрачјето на Карпош, во близина на основно училиште, едно лице од својот мобилен телефон прикажало порнографски фотографии на малолетничка и ја допирало по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.