Фото: ДТЗ

Утрово во скопски Чаир е разнесен банкомат.

Според информации од локалните жители се слушнала експлозија, поради што претпоставуваат дека станува збор за експлозив. Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.
Според првичните информации на МВР ноќеска (на 6 јуни 2023 година) во 3 часот и 38 минути во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел, четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале.

ФОТО: Разнесен банкомат во Чаир

-Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Инаку, станува збор за банкомат на домашна банка, кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Според жителите, експлозијата била многу силна. Оние кои го следеле настанот, велат дека едно лице го поставувало експлозивот, додека тројца кои поседувале огнено оружје, го обезбедувале. Овие информации уште не се потврдени од МВР.