Фото: Илустрација

Муштерија нападна касиери во скопски маркет кога одбил да стави заштитна маска за запазување на ковид-протоколите. Од МВР информираат дека настанот се случил во Центар, а нападнати биле двајца вработени во маркетот.

– На 15 март, во 22 часот, В. П. (22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот, додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар, влегол маж на возраст од 30-ина години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало – велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.