Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочи дека не се чувствува безбедно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе.
– Земајќи предвид што ми се случи претходно, не, но се ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива – рече Јанакиески за „Макфакс“.
Прашан за здравствената состојба, Јанакиески кажа дека е „под седативи“.
Тој не знаеше до каде е процедурата за спојување на притворите за да му се засметаат во казната во „Титаник“ која сега изнесува три години и шест месеци.