Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавено исчезнување на 43-годишник кој има здравствени проблеми.
– На 25.09.2022 во 08.50 часот во Полициска станица Тетово З.Ф.(73) од Тетово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Б.Ф.(43) од Тетово, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Тетово.